Дома Фудбал Останато Погба сака во Барселона и веќе си го бројот на дресот?!

Погба сака во Барселона и веќе си го бројот на дресот?!

Шпанските и англиските медиуми изминативе недели често пишуваа за потенцијалниот трансфер на Пол Погба од Манчестер Јунајтед во Барселона.

Наводно, преговорите веќе започнале и Погба одржал состанок со Ерик Абидал во Лос Анџелес и Французинот е подготвен за нов голем трансфер. Меѓутоа, уште нема никакви конкретни понуди од Барселона, но Погба прилично е заинтересиран за заминување на „Камп Ноу“ и побарал и одреден број.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Calciomercato“ тврди дека го одбрал бројот 8 кој го носеше легендарниот Андреас Иниеста и кој кариерата одлучи да ја продолжи во Јапонија. Погба има договор со Јунајтед уште три години. Меѓутоа, клубот е подготвен повторно да го продаде и не треба да не изненади доколку 25-годишниот играч на крајот заврши во Барселона.

Покрај Јунајтед, Погба во кариерата го носеше и дресот на Јувентус, каде што го стекна статусот еден од најдобрите играчи за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ќе испрати само една понуда за Марк Геи

Ливерпул ќе испрати една-единствена понуда за централниот дефанзивец на Кристал Палас Марк…