Дома Останати Тенис Вимблдон: Потоп за фаворитките, елиминирата и Халеп

Вимблдон: Потоп за фаворитките, елиминирата и Халеп

Вистински потоп за фаворитките на овогодинешното издание на Вимблдон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германката Аџелик Кербер се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, откако денес ја победи Јапонката Наоми Осака со 6:2 и 6:4.

Мечот помеѓу десетата (Кербер) и осумнаесетата тенисерка (Осака) траше само 64 минути. Германката во наредното коло ќе игра против Белинда Бенчич од Швајцарија која беше подобра од Карла Суарез Наваро од Шпанија со 6:1 и 7:6.

Во осминафиналето се пласираше и Белорусинката Александра Сасановиќ. Таа после Петра Квитова ја исфрли Австралијанката Дарија Гаврилова победувајќи ја со 6:3 и 6:1.

Наредната противничка на Белорусинката ќе биде Летонката Јелена Остапенко која славеше против Русинката Виталија Даченко со 6:0, 6:4.

До осминафиналето стигна и Доминика Цибулкова. Таа ја победи Белгијката Елис Мертенс (6:2, 6:2) и закажа дуел со Су Веи од Тајван која денес го направи најголемото изненадување.

Су Веи славеше победа против првата тенисерка, Симона Халеп со 3:6, 6:4, 7:5.

Елиминацијата на Халеп значи дека на Вимблдон остана само една тенисерка од првите десет носителки – Каролина Плишкова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

Рафаел Надал освои 22 гренд слема во својата кариера. Кој знае колку би имал и како би се …