Дома Фудбал Англија Видео: Судијата жестоко го оштети Мидлсборо, Астон Вила во финале

Видео: Судијата жестоко го оштети Мидлсборо, Астон Вила во финале

Ниту еден англиски судија нема да патува на Мундијалот во Русија и можеби и подобро, бидејќи во последно време англиските арбитри се во центарот на вниманието поради своите лоши одлуки.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После големата прашина која ја крена Мајкл Оливер на натпеварот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, вечерва во центарот на вниманието е Мајк Дин кој го оштети Мидлсборо и можеби пресуди да не оди во финале за влез во Премиер лигата.

На реванш мечот против Астон Вила, во 87-та минута Мидлсборо имаше шанса да постигне гол, но тоа го спречи голманот на домаќините Сем Џонсон, кој интервенираше надвор од казнетиот простор.

Иако Џонсон требаше да добие директен црвен картон, Дин му покажа само жолт картон.

Резултатот до крајот остана 0:0, па Астон Вила поради победата во првиот меч од 0:1 ќе патува во финалето на „Вембли“ каде ќе игра против Фулам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Селекторот на Иран збесна поради третманот на Мундијалот: Џани, реагирај!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Иран, Амир Галеноеи, го обвини домаќинот на Св…