Дома Фудбал Англија Последно коло во Премиер лигата, а пред Сити уште СЕДУМ ГОЛЕМИ рекорди

Последно коло во Премиер лигата, а пред Сити уште СЕДУМ ГОЛЕМИ рекорди

Зад Манчестер Сити е сезоната за паметење во Премиер лигата. „Граѓаните“ под водство на Пеп Гвардиола дојдоја до шампионската титула во Англија.

Сепак, ова не е крај на достигнувањата на Сити во Премиер лигата за оваа сезона. Утре на распоредот е последното коло од англиското првенство во кое Сити му гостува на Саутемптон и имаат прилика да срушат седум големи премиерлигашки рекорди.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Некои од тие рекорди чекаат само потврда, додека за другите играчите на Гвардиола ќе мораат да се потрудат.

Титула со најголема бодовна разлика

18 – Со победа над Саутемптон Сити би осигурал најмалку 19 бода предност во одност на второпласираниот Манчестер Јунајтед, додека со евентуален пораз на „Црвените ѓаволи“ од Вотфорд (со победа на Граѓаните) би имале 22 бода разлика на крајот од сезоната.

Најдобра гол разлика

71 – Рекордната гол разлика на Челзи во една сезона во Премиер лигата. Меѓутоа, Сити во моментов е на гол разлика од +78, па јасно е дека овој рекрод на „Сините“ ќе биде срушен.

Најмногу гостински победи

15 – „Граѓаните“ во оваа сезона имаат ист број на гостински победи како и Челзи во сезоната 2004/05, но со победа над Саутемптон би го срушиле овој рекорд и би дошле до 16 победи на гостински терен.

Најмногу бодови на гостински терен

48 – Победата на Манчестер Сити би значела и нов рекрод во Премиер лигата по бројот на освоени бодови на гостувањата (50). Во моментов рекродот од 48 гостински бода го има Челзи, исто така од сезоната 2004/05. Сити во моментов има 47.

Најмногу гола на гостински терен

48 – Ливерпул во сезоната 2013/14 постигна 48 гола на гостински терен, додека Сити оваа сезона има 44. Екипата на Гвардиола треба да постигне пет гола против Саутемптон за да го сруши овој рекрод.

Најмногу победи во една сезона

31 – Манчестер Сити има прилика да биде првиот тим кој ќе успее да запише 32 победи во историјата на англискиот фудбал. Во моментов „Граѓаните“ се изедначени со Тотенхем кој во сезоната 1960/61 запиша 31 победа.

Најголем број на освоени бода

98 – Ако победи, Манчестер Сити ќе стане првата екипа која успеа да дојде до 100 бода во една сезона. Така би бил срушен рекордот на Ливерпул од сезоната 1978/79 од 98 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…