Еден од најголемите клубови од Премиер лигата, Челзи, го претстави на својот официјален сајт новиот дрес за домашните натпревари за претстојната сезона 2018/2019.
Дресот е во традиционалната за клубот сина боја, а на него има детали во црвена и бела боја. Дресот кој го изработи „Најк“ е инспириран од 80-ти и 90-те години.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?

Во меѓувреме, клубот ги додели своите годишни награди за своите најдобри фудбалери. Големата награда за играч на годината во анкетата од навивачите ја освои халфот Нголо Канте.
Самите фудбалери на Челзи пак го избраа за бр.1 бразилскиот офанзивен играч за врска Вилиан, а Андреас Кристенсен беше избран за најдобар млад играч.