Дома Фудбал Англија Челзи ги загуби шансите за Лигата на шампионите, на Арсенал не му оди и не! (ВИДЕО)

Челзи ги загуби шансите за Лигата на шампионите, на Арсенал не му оди и не! (ВИДЕО)

Челзи го одигра претпоследниот меч во оваа сезона на домашен терен и запиша реми од 1:1 со екипата на Хадешфилд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Плавите“ имаа теренска иницијатива во поголемиот дел од средбата, но не успеаа да создадат премногу добри шанси. Првпат се заканија преку Рудигер во 13. минута, но неговиот удар заврши покрај голот.

Поголеми возбудувања немаше до одморот, а потоа на отворањето на вториот дел, шок на „Стемфорд Бриџ“. Се играше 50. минута кога Хадешфилд поведе, а потоа многу брзо сепак, Челзи стигна до изедначување во 2. минута преку Алонсо.

Во останатите дуели, Арсенал повторно не успеа да слави на гости, па беше декласиран од Лестер со 3:1. Со идентичен резултат славеше и Манчестер Сити над Брајтон на „Итхад“, додека Тотенхем со минимални 1:0 запиша нови 3 бода во претпоследното коло против Њукасл.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во март го исмеваше целиот свет, денес е херој на Тотенхем (Видео)

Само пред два месеца се поставуваше прашање дали голманот на Тотенхем Антонин Кински повто…