Македонскиот ракометен тренер Звонко Шундовски се врати во Романија и својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Костанца.

Клубот се пофали дека нивниот омилен тренер се враќа на клупата. Звонко Шундовски претставен е попладнево, а доаѓа по едногодишна авантура на селекторската клупа на Израел. Тој ја водеше Констанца од 2012 до 2015 година, со него на чело клубот ги забележа најголемите успеси и затоа го претстави со голема еуфорија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој е тренерот со кој Констанца ги запиша најдобрите сезони во историјата: го освои Купот, првенството, романскиот Супер куп и се пласира на Ф4-турнирот од ЕХФ-купот во Берлин. Со Звонко ќе бидеме посилни! Напред Констанца!“, пишува во клупското соопштение.

Сега во Костанца ќе ги тренира и двајцата македонски интернационалци – Велко Маркоски и Никола Митревски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…