Дома Фудбал Останато Кинезите ќе купуваат и фудбалски судии!

Кинезите ќе купуваат и фудбалски судии!

Кинеските фудбалски клубови во последно време купуваат играчи од Европа и не прашуваат за пари, а сега се појавија информации дека сакаат да купуваат и фудбалски судии.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, понуда за преселба во кинеската Суперлига веќе добил еден од најдобрите англиски и светски судии Марк Клатенбург.

Клатенбург, во вторникот, ја доби наградата за најдобар светски судија за 2016 година, а преставниците на кинеската Суперлига веќе испратиле свои емисари кои оствариле средба со англискиот арбитар.

Кинезите се свесни дека нивното првенство обилува со корупциски скандали поради што ќе се обидат да донесат странски судии, сметајќи дека на тој начин дополнително ќе го подигнат нивото на фудбалот во земјата.

Не е позната која сума му била понудена на Клатенбург, но сигурно е дека доколку тој ја прифати понудата ќе заработи мало богатство, како и фудбалерите кои одат во оваа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гранит Џака на 33 години прави шокантен трансфер

Гранит Џака зад себе има одлична сезона во Сандерленд, а игра и одлично на Светското првен…