Ракометарката на Вардар, Полина Кузнецова од следната сезона ќе настапува за екипата на Ростов Дон од Русија. По една сезона во црвено-црниот дрес, левото крило се враќа во родната Русија и тоа во екипата, која е противник на Вардар на завршниот турнир во Лигата на Шампионите. Кузнецова во Ростов ќе ја замени Сираба Дембеле, која пак се враќа во Франција.

Кузнецова оваа сезона постигна 37 голови во дресот на Вардар, а во Русија настапуваше за сите најсилни екипи. Ова ќе значи нејзино враќање во екипата на Ростов Дон, за која настапуваше пред 15 години. Клубот денес на својата официјална страна го потврди нејзиното доаѓање и и посака добредојде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Сара Ристовска ја има вториот најубав гол во третото коло на ЕП (Видео)

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска вчера постигна шест погодоци во натпревар…