Дома Луд Спорт Потребна му била една година: Преку целото тело го истетовира дресот на неговиот омилен клуб! (Видео)

Потребна му била една година: Преку целото тело го истетовира дресот на неговиот омилен клуб! (Видео)

Фудбалските навивачи ширум светот од време на време успеваат да не воодушеват на начинот со кој ја искажуваат својата љубов кон клубот.

До сега бевме на сведоци на трошење на комплетната заштеда за одење на еден натпревар, напуштање на сопствената венчавка, тетoвираа неверојатни работи на неверојатни места…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последниот херој на ваквите приказни одлучи целото свое тело да го прекрие со дресот на Фламенго.

Хозе Марио Ањос го истетовира дресот на својот омилен преку целото свое тело, а на грбот му се наоѓа и бројката „10“, единствено што му недостасува е името на спонзорот на предната страна.

„Потребна ми беше една година да ја комплетирам тетоважата – 32 термина, односно повеќе од 90 часа. Знаев дека потрошам многу пари, помеѓу 2.500 и 4.500 долари, па поради тоа одлучив да тргнам од рамото кон градниот кош“, изјави Љос.

Поради тетоважата тој стана вистинска ѕвезда во својот град, а еден од најдобрите играчи на сите времиња и жива легенда на црвено-црните, Зико му подари дрес кој искрено сега и не му е премногу потребен.

„Верувајте ми не се покајав во ниту еден момент“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Хари Кејн доби статуа која веднаш стана хит

Капитенот на Англија, Хари Кејн доби статуа пред спортскиот центар „Питер Меј“ во Лондон к…