Дома Останати Ракомет Флензбург е третиот патник во 1/4 финалето во ЛШ

Флензбург е третиот патник во 1/4 финалето во ЛШ

Го добивме и третиот сигурен патник во 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Со вториот триумф над својот противник Кристијанштад, Флензбург се промовираше во 1/4 финалист, каде таму веќе од поодамна се тимовите на Вардар и ПСЖ.

Тимот на Кристијанштад како и на дуелот во Шведска, така и вчера во Германија, немаше сили силно да му се спротистави на некогашниот Европски шампион. Сега тимот на Флензбург ќе го очекува својот противник за пласман во 1/2 финалето. Подобриот од двобојот меѓу Барселона и Монпелје ќе им биде противник на Германците.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Ласе Сван со пет голови, а по четири дадоа Гландорф, Закаријасен и Готфридсон, додека кај Кристијанштад се истакна Липовац со шест голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Алкалоид пред голем предизвик: Во квалификациите за Европската лига го доби најтешкиот противник!

Екипата на Алкалоид ќе има исклучително тежок предизвик на патот кон групната фаза од Евро…