Дома Фудбал Лига на шампиони Ова се сите варијанти во стратегијата на Валверде: Која е триумфалната за „Плавите“?! (ФОТО)

Ова се сите варијанти во стратегијата на Валверде: Која е триумфалната за „Плавите“?! (ФОТО)

mesi

На Барселона и одговара и 0:0, но Каталонците најавуваат офанзивна игра и ќе бараат победа, а тренерот Ернесто Валверде и натаму не е сигурен со кои единаесетммина да стартува на теренот.

Јасно, Алба, Умтити, Меси, Суарез, Ракитиќ, Бускетс, Тер Штеген, Пике, Џорди Алти и Роберто се сигурни, но најголемото прашање едали ќе заигра Андрес Иниеста.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Искусниот играч за врска закрепна, па не е исклучено да заигра, а засега постојат четири опции.

Во првата – Барселона игра во системот 4-4-2 со Иниеста, Паулињо, Ракитиќ и Бускетс во редот за врска, а во тој случај нема место за Осман Дембеле.

Втората опција е иста само што наместо Иниеста би заиграче Андре Гомес или Дембеле десно, лево Паулињо, а Ракитиќ и Бускетс во средината на теренот.

Третата опција: Иниеста и Дембеле во првите 11, Меси би бил малку подефанзивен бидејќи во тој случај Дембеле би му правел друштво на Луис Суарез.

И четвртата опција: Дембеле и Суарез во нападот, Меси позади, Ракитиќ и Паулињо во средината со Бускетс како заден играч за врска. Во таа опција го нема Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…