Дома Фудбал Останато Очекуваа да го замени Фалкао, а денес има 100 килограми: Некој пие, некој се дрогира, јас сакам да јадам

Очекуваа да го замени Фалкао, а денес има 100 килограми: Некој пие, некој се дрогира, јас сакам да јадам

Се сеќавете на него? Младиот репрезентативец на Бразил, осум години подоцна  и понатаму игра, иако не му е лесно…

Порто е познат како клуб кој знае да пронајде „бисер“ од Јужна Америка.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Валтер Енрике Де Силва се очекуваше да биде еден од нив. На почетокот на деценијата, младиот репрезентивец пристигна како замена за Радамел Фалкао. На почетокот заработи тешка повреда, но се пишуваше дека се работи за фантастичен талент.

Клубот од Порто Алегре го продаде во Португалија, во првата сезона го менуваше  „Ел Тигре“, не беше лош, постигна 10 погодоци на 25 натпревари.

Но, кога се очекуваше да стане лидер на Порто, кариерата му тргна во надолна линија. Одигра очајна сезона, па португалскиот клуб го испраќаше на позајмици. Прво во Крузеиро, Гоиас, Фламиненсе, Атлетико Параненсе, некаде и постигнуваше голови, потоа минатата година не играше фудбал, па сега се врати и потпиша договор со Паисанда.

Проблем е што сега тој има проблеми со килограмите. Силва е висок 176 сантиметри, а има повеќе од 100 килограми.

„Знам, другите фудбалери се дрогираат или пијат, јас немам такви пороци, но сакам да јадам. Сепак ќе ослабам не сум се откажал од фудбалскиот сон“, изјави Да Силва или Валтер како што го нарекуваат во Бразил.

Како изгледаше настапот на фудбалерот од 100 килограми погледнете ТУКА.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ донесе важна одлука за кариерата и порача да не го вознемируваат!

Душан Влаховиќ во изминатите месеци постојано беше поврзуван со заминување од Јувентус. Ме…