Тотенхем изгледа го отпиша, но како што стојат работите овој играч не би имал проблем во пронаоѓањето нов клуб.
Дефанзивецот на Тотенхем кој не во комбинација за вечерашниот натпревар против Јувентус, Тоби Алдервилд е далеку од тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Настапи против Њупорт во ФА купот, се врати после повреда, но против Арсенал не беше ниту на клупата.
Покетино тврди дека не сака да ризикува со неговата повреда, но ова објаснување звучи чудно бидејќи Белгиецот можеше да седи барем на клупа.
Изгледа дека проблемот е поинаков. Поранешниот фудбалер на Ајакс и Атлетико има договор до крајот на следната година, нема договор околу продолжувањето, а спремен е и да замине.
Има 28 години, сигурно дека не сака да седи на клупата, Вертонген и Санчез се неприкосновени, а и Дајер може да игра како штопер.
Алдервилд го сака Мурињо кој во Белгиецот гледа одлично решение за последната линија, но прашање е дали Тотенхем ќе сака да ги засили „ѓаволите“.