Дома Фудбал Англија Отворено писмо до Јунајтед: Додека се расфрлате со милиони вашите работници гладуваат

Отворено писмо до Јунајтед: Додека се расфрлате со милиони вашите работници гладуваат

united

Манчестер Јунајтед е најбогатиот клуб во светот, а во овој преоден рок го доведе Алексис Санчез кој добива плата од 600.000 фунти неделно, а знаете ли колку заработуваат работниците на стадионот, оние кои на фудбалерите им овозможуваат совршени услови…

Само седум фунти на час, што е за 1.75 под англиснкиот минималец.  Токму поради ова низа реномирани медиуми во Манчестер и околните места започнаа широка кампања.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Секако, целта е Јунајтед да прекине со ваквата пракса, односно фудбалерите да ги плаќа стотици милиони, додека истовремено работниците кои како што кажавме им ги овозможуваат условите едвај да преживуваат.

Или како што кажува величествениот Иан Рутхерфорд, свештеник, активист и еден од потписниците на ова отворено писмо.

„Во време кога Јунајтед се расфрла со милиони во зимскиот преоден рок многумина работници на „Олд Трафорд“ мораат да бираат дали во својот дом ќе уклучат греење или пак ќе си направат ручек. Слушнав толку многу приказни за срамно ниските плати на работниците на стадионот на Јунајтед кои навистина се мачат за да живеат достоинствено“.

„Дејли Телеграф“ успеа да земе и изјава од работник на стадионот кој сакаше да остане анонимен.

„Сите ние работиме за ист работодавец и би било убаво кога тој работодавец би мислел и на нас, од фудбалските ѕвезди до чистачите. Знаеме дека фудбалерите мораат да бидат наградени, но нормалните плати кои сега ги нема ги покажале дека Манчестер Јунајтед не е само голем клуб туку и голем работодавец“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…