Дома Останати Кошарка ШОКАНТНО е мал збор! Блејк Грифин од друштвените мрежи дознал дека оди во Детроит!

ШОКАНТНО е мал збор! Блејк Грифин од друштвените мрежи дознал дека оди во Детроит!

grifin

Невеојатна исповед на довчерашниот капитен на Лос Анџелес Клиперси и тоа на претставувањето на новиот тим…

Ги помина лекарските прегледи, ја испочитува бараната документација, направи трансфер, а потоа и откри дека за трејдот дознал преку друштвените мрежи!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Така изгледаше претставувањето на Блејк Грифин во центарот на Детроит! Големиот трејд помеѓу Клиперси и Пистонси кој го обележи финишот на преодниот рок во НБА лигата предизвика бројни коментари за начинот и филозофијата на работа во најсилната кошаркарска лига во вест.

„Шокантна е благ збор. Кошаркарката е бизнис, тие (клубовите) донесоа одлука. Би сакал да имав прилика да дознаам порано за размената или да имав прилика да разговарам со некој пред тоа да се случи. Навистина е лошо кога за вакво нешто ќе дознаеш преку друштвените мрежи, преку други луѓе. Посебно кога во еден клуб ќе поминете толку време. Но, на крајот на денот сето ова е само бизнис и сакам да играм таму каде што ме сакаат. Затоа сум возбуден пред новиот предизвик“, зборуваше Грифини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Далас поразен, ќе се игра петти натпревар

Во четвртиот натпревар од финалето на Западната конференција, Минесота ги совлада Маверикс…