Дома Фудбал Останато Оваа полицајка од наредната година ќе ја дели правдата во Лигата на шампионите!

Оваа полицајка од наредната година ќе ја дели правдата во Лигата на шампионите!

Сосема реално е да очекуваме следната година во Лигата на шампионите правдата да ја делат и жени.

Според информациите на „Билд“, Биабиана Стенхаус (38) веројатно ќе биде првата судијка која во сезоната 2019/2020 во улога на главен судија ќе ја дели правдата во најсилното европско натпреварување, како главен судија.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Билд“ одлучи да ја запраша и Биабиана, но таа само кратко одговори: „Не можам и не смаеам тоа да го коментирам“, гласеше одговорот на Стенхаус.

Правилата на УЕФА гласат дека судиите и судијките можат да делат правда на меѓународна сцена доколку последните две години суделе на натпреври од најдобрата лига во домашното првенство.

Биабиана Стенхаус која по професија е полицајка во овој момент суди во Бундеслигата. Судиското деби во најсилната лига во Германија го имаше во септември минатата година на натпреварот помеѓу Херта и Вердер, а потоа се запиша во аналите на германскиот фудбал како прва жена која ја делела правдата на еден од натпревар од Бундеслигата.

Со судењето се занимава од 1999 година, а во досегашната кариера судела на повеќе од стотина натпревари.

Треба да се истакне дека Гркината Крсоула Маргарити беше првата жена во судиска улога во Лигата на шампионите, но како линиска судијка.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Младата ѕвезда на Реал Мадрид може да добие затворска казна и од пет години!

Дефанзивецот на Реал, Раул Асенсио (22), е обвинет за дистрибуција на детска порнографија,…