Во едно нетипично интервју, Филипе Кутињо откри до сега непознати работи за своите соиграчи, а место во неговиот избор на најлоши најде и Дејан Ловрен.
Кутињо откри кој е најзабавен, кој најинтелигентен, а модниот стил на Хрватот никако не му се допаѓа на Бразилецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вајналдум секогаш се обидува да го насмее тимот. Често се обидува да зборува на португалски или шпански и игра во соблекувалната“, изјави Кутињо и продолжи.
„Мињоле е најинтелегентен во тимот. Зборува многу јазици и со него можеш да разговараш за било што, а Алберто Морено најмногу сака да ја протнува топката меѓу нозе на другите“, откри Бразилецот, а потоа одговори на прашањето кој е најлошо облечен играч на Ливерпул.
„Тоа е лесно, Дејан Ловрен! Навистина бира лоша гардероба“, низ смеа откри Кутињо.