Ханаје Алемани е спремен да ја тужи ФИФА и бара огромна оштета.
Минатата недела судот во Рио Де Женеиро истакна дека Алемани кој го патентираше спрејот кој се користи на фудбалските натпревари е во право.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Потоа и наредија на ФИФА да престане да го употребува овој спреј во сите натпреварувања кои се под нејзино покровителство, но во декември овој спреј повторно се користише на Светското клупско на првенство.
„ФИФА ми ја украде идејата, ова не е фер плеј“, беа зборовите на Хајне Алемани од Бразил.
На Светското првенство во 2014 година спрејот се користеше, а Жером Валцке му се заблагодари на ФИФА.
Алемани тврди дека било потребно 15 години да се направи спреј кој исчезнува после само неколку минути и бара ФИФА да му испрати оштета од 100 милиони долари.
ФИФА смета дека Алемани нема доволно докази за да стигне до тие 100 милиони долари, па не се спремни на никаков договор со Бразилецот.