Дома Фудбал Италија Зошто служи видео технологијата? ВАР повторно направи конфузија во Италија

Зошто служи видео технологијата? ВАР повторно направи конфузија во Италија

Оваа сезона во Серија А за прв пат беше воведена видеотехнологија (ВАР), но скептиците имаа право кога тврдеа дека тоа може да донесе додатна конфузија на фудбалските натпревари.

Сасуоло вчера и гостуваше на Сампдорија и победи во 90-та минута со голот на Матри. Гостите во 82-та минута промашија пенал, а токму во тие моменти се случи нешто што предизвика бројни полемики на Апенините.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Имено, за ВАР да се искористи за време на натпреварот, судијата и неговите асистенти мораат да побараат прегледување на снимките ако приметат дека се случило нешто спорно.

Полсе промашениот пенал, топката остана во петерецот, а играчот на Самдорија Тореира со двете раце ја фати топката и ја запре акцијата. Иако сите на теренот го видоа тоа, судијата не само што не свирна ништо, туку и не побара прегледување на снимката.

Претходната недела нешто слично се случи на натпреварот Лацио – Торино, кога домаќинот беше оштетен затоа што судијата не побара прегледување на снимките во една ситуација, а побара во друга.

Поради тоа со право се поставува прашањето, дали ВАР помага или само ги зголемува полемиките на фудбалските терени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти го најде виновникот за лошото деби со Бразил

Карло Анчелоти направи кикс на новиот почеток на 66 години. Во првиот натпревар како селек…