По повеќе од седум месеци надвор од теренот, Златан Ибрахимовиќ се врати на трените и веројатно ќе настапи и утре против Сити, во големото дерби на Манчестер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите на Островот пренесуваат, доколку натпреварот се одржи поради предвиденото невреме, Ибра би можел да се најде и во првите 11, а големиот Швеѓанец во таа прилика им испрати порака на својот градски ривал.
„Златан е поголем од Манчестер Сити. Златан е постар и има повеќе трофеи, но и навивачи“, во свој стил Ибрахимовиќ го пецна Манчестер Сити.
Дербито е на распоред во недела од 17:30 часот на „Олд Трафорд“ и сигурно дека не очекува вистински спектакл.