Дома Фудбал Останато Спектаклот помеѓу Фјури и Џошуа може да биде откажан!

Спектаклот помеѓу Фјури и Џошуа може да биде откажан!

Само неколку дена по објавувањето на борбата помеѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа за 11 декември во Кардиф, од Велика Британија се појавија информации дека овој спектакл може да биде откажан.

Фјури тврди дека неговиот сонародник и промотер Еди Херн се обидуваат да го избегнат дуелот помеѓу двајцата поранешни светски шампиони во тешка категорија.

Оваа голема британска борба официјално беше најавена во четвртокот од промотерот Турки Алашик и стриминг платформата Нетфликс. Фјури и Џошуа требаше да се соочат за титулата на светски првак на WBA во тешка категорија, но несогласувањата се појавија кратко по официјалната објава.

„Ентони Џошуа и Еди Херн се обидуваат да откажат оваа борба. Тврдат дека сега не сакаат да се борат“, изјави Фјури во видео објава на социјалните мрежи во петокот навечер.

Новинската агенција Ројтерс ја контактираше промоторската компанија на Херн „Matchroom Boxing“ за коментар за изјавите на Фјури.

Херн претходно изјави дека тој и Џошуа инсистирале борбата да се одржи во Обединетото Кралство, додека промоторите првично предложиле „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Сѐ уште останува нејасно дали овие несогласувања ќе го загрозат еден од најочекуваните боксерски дуели во последните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бизарно: УФЦ борец мораше да се соблече гол и да ја избричи главата за да го помине мерењето

MMA борецот Џон Кастанеда на мошне драматичен начин успеа да го задржи својот настап на на…