
Ерлинг Халанд од натпревар во натпревар продолжува да ги поставува новите стандарди и да ги преминува границите.
Фантастичниот Норвежанец го надмина Златан Ибрахимовиќ на вечната листа на стрелци за најдобар голгетер во Скандинавија.
Ѕвездата на Манчестер Сити постигна два гола против Данска во триумфот во Лигата на нациите. Во кариерата, тој има 64 гола на 56 натпревари, со неверојатен просек од 1,1 гол по натпревар.
Ибрахимовиќ во 122 натпревари за Шведска постигна 62 гола, што е нешто повеќе од 0,5 гола по натпревар.
Апсолутен рекорд има Швеѓанката Лота Шелин со 88 погодоци, но со играта на Халанд, изгледа дека и овој рекорд наскоро ќе биде соборен.