Дома Фудбал Официјално: Алаба премина во клуб од Серија „А“

Официјално: Алаба премина во клуб од Серија „А“

Од Удинезе официјално објавија дека го привлекоа дефанзивецот Давид Алаба како слободен агент, а договорот му е само до крајот на тековната сезона, а дресот ќе му биде со број 5.

Во последните пет години, тој беше дел од Реал (Мадрид), за кој одигра 132 натпревари со пет голови и девет асистенции. Претходно, Алаба помина десет сезони во Бајерн (Минхен), каде што одигра 431 натпревар со 33 голови и 55 асистенции.

Со дресовите на двата клуба, освои неверојатни 35 трофеи, вклучувајќи четири пати во Лигата на шампионите, десет пати титулата во Бундеслигата и двапати во Ла Лига. Освен тоа, тој е капитен на националниот тим на Австрија, за кој има 117 натпревари со 15 голови и 23 асистенции.

Генералниот директор на Удинезе, Франко Колавино, изрази задоволство од овој трансфер. “Привлекувањето на Давид Алаба е извор на огромно задоволство за целиот клуб. Го пречекуваме афирмираниот шампион, лидер и професионалец за пример. Неговото доаѓање покажува желбата на Удинезе да напредува, да се натпреварува на највисоки нивоа и да изгради се поамбициозен состав”, коментира тој за клупскиот сајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аит-Нури нема трпение да го „чека“ Мареска, Јувентус нуди решение?!

Јувентус сака да го донесе алжирскиот лев бек Ајт-Нури (25) во своите редови и веќе направ…