Дома Фудбал Се појави вест за Де Јонг во која ретко кој ќе верува

Се појави вест за Де Јонг во која ретко кој ќе верува

Френки де Јонг го отфрли советот од медицинскиот тим на Барселона за операција на коленото и е уверен дека по репрезентативната пауза ќе може да се врати на тренинзи со остатокот од тимот.

Оваа информација потекнува од веродостојни каталонски извори блиски до холандскиот играч, кои тврдат дека Де Јонг се чувствува подобро и дека прогнозите на експертите, кои му препорачаа конзервативен пристап, се дека би можел да започне со тимски тренинзи веќе за две до три недели.

Мислењата околу Де Јонг од летоска се разликуваат, но клубот сѐ уште се придржува кон ставот дека операцијата би била најдоброто и најсигурно решение. Сепак, Де Јонг решил да следи поинаков пат, и засега работите се одвиваат според планот.

Иако, во овој случај постои поголема веројатност за повреда да се влоши, што би значело дека Де Јонг може само да ја усложни состојбата и на крајот да се подложи на неизбежна операција која би предизвикала прекин до пролетта.

Барселона му препорача операција уште во август, која ќе овозможи сигурно закрепнување и враќање до Нова година, но Холанѓанецот реши да се води според препораките на други лекари, надевајќи се дека ќе биде подготвен неколку недели порано.

Во овој момент, тимот не доживува голема загуба без Де Јонг, бидејќи Родри, Педри, Марк Бернал и повратникот Гави успешно ги покриваат позициите на двајцата задни везни играчи. И покрај тоа, во завршницата на сезоната, доколку холанѓанецот се врати, се очекува да биде од големо значење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус го враќа поранешниот голман

Полскиот чувар на мрежата, Камил Грабара, се соочува со раскинување на лигаментите на коле…