Дома Фудбал Тензично беше на прес-конференцијата на Холандија: Ван Дајк се расправаше со новинар (Видео)

Тензично беше на прес-конференцијата на Холандија: Ван Дајк се расправаше со новинар (Видео)

Капитенот на холандскиот национален фудбалски тим, Вирџил Ван Дајк, влезе во жешка полемика со новинарите на денешната прес-конференција во Зеист.

Искусниот дефанзивец на Ливерпул, Ван Дајк, не беше задоволен од неколку поставени прашања и коментари, а посебно се издвои неговиот спаринг со Валентин Дрисен, фудбалски уредник на De Telegraaf.

Целата ситуација започна по прашање од новинарката Ноа Вале. Ван Дајк категорично ја отфрли како „целосна глупост“ наводната идеја дека тој предложил Холандија да игра со пет дефанзивци против Мароко на Светското првенство. Според него, таа стратегија всушност била предложена од новинарите претходното лето.

По тоа, Ван Дајк се најде во напната дебата и со Маартен Вајфелс и Мартин Краббендам, пред да го вклучи Дрисен во разговорот.

Дрисен: „Вирџиле, денеска изгледаш особено нервозен, се чини. Обично си многу пријатен тип.“

Ван Дајк: „Понекогаш мораат некои работи да се кажат. Не можам постојано само да слушам жалби.“

Дрисен: „Но можеш да бидеш малку поотворен? Одговорите ти се премногу кратки.“

Ван Дајк: „Не сме овде за разговори. На прес-конференцијата се поставуваат прашања.“

Дрисен: „Претерано си кус во одговорите. Можеш едноставно да одговориш, нели?“

Ван Дајк: „Jас немам проблем со голем дел од медиумите и никогаш не сум имал, но кога се изнесуваат бесмислици, што би требало да направам со тоа?“

Дрисен му предложи да разговара со медиумите што се одговорни за таквите тврдења.

„Па зарем сега не разговарам со нив?“ одговори Ван Дајк, по што расправата заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус го враќа поранешниот голман

Полскиот чувар на мрежата, Камил Грабара, се соочува со раскинување на лигаментите на коле…