
Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува да ниже одлични резултати на Европското првенство во Софија, откако со победа во четвртфиналето обезбеди најмалку бронзен медал.
Рустемовски со 4-1 го совлада Ерменецот Базејан и избори пласман меѓу најдобрите четворица на континенталниот шампионат.
Македонскиот боксер претходно беше успешен и во осминафиналето, каде што со идентичен резултат 4-1 го победи Вилијам Хјуит.
Освојувањето на најмалку бронзено одличје во Софија претставува еден од најголемите успеси во досегашната кариера на Рустемовски, но тој нема намера да застане тука. Следниот предизвик е полуфиналето, каде што ќе се обиде да стигне до борбата за златниот медал.
На Европското првенство во Софија учествуваат околу 400 боксери и боксерки од 40 земји.