Дома Останати Ракомет Ројевиќ не мрда од Охрид, потпиша нов договор!

Ројевиќ не мрда од Охрид, потпиша нов договор!

ГРК Охрид и Борис Ројевиќ продолжуваат заедно! Европскиот освојувач на Купот на ЕХФ денеска официјално потврди дека српскиот стратег ќе остане на клупата на охриѓани до 2029 година.

Ројевиќ пристигна во Охрид минатото лето и за кратко време успеа да создаде победнички тим. Под негово водство охриѓани го освоија првиот европски трофеј во историјата на клубот, а сезоната во домашната Суперлига ја завршија на третото место.

Охрид се надеваше дека за новата сезона ќе добие „вајлд-карта“ за настап во Европската лига на ЕХФ, но тоа не се случи. Сепак, клубот не отстапи од високите амбиции. Составот претрпе промени, пристигнаа неколку сериозни засилувања и сè укажува дека охриѓани и во новата сезона ќе имаат важна улога на домашната сцена.

Ројевиќ во повеќе наврати истакнуваше дека се чувствува одлично во Охрид и дека му се допаѓаат и градот и атмосферата во клубот. Желбата на двете страни за продолжување на соработката сега е претворена во официјален договор.

Српскиот тренер стави потпис на нова соработка која ќе трае до 2029 година, па приказната започната минатото лето продолжува.

Клубот продолжувањето на договорот го објави преку интересно видео во кое се појавуваат спортскиот директор Славчо Ристевски и самиот Ројевиќ, со што ставија точка на сите дилеми околу иднината на стратегот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Фленсбург со удар по сирената го шокира Берлин, Кил едвај се извлече

Симон Питлик погоди директно од слободен удар од девет метри по истекот на времето и му до…