Дома Фудбал Мората пред сензационално враќање во Шпанија, ќе заигра ли во втора лига?

Мората пред сензационално враќање во Шпанија, ќе заигра ли во втора лига?

Алваро Мората се подготвува да направи еден од најизненадувачките потези во својата кариера. Шпанскиот напаѓач е на прагот да помине во Леганес, тим кој се натпреварува во втората шпанска фудбалска лига. Се работи за позајмица од Комо, а клубовите допрва треба да ги финализираат последните детали за трансферот.

Мората минатата сезона дојде во Комо, но не успеа да го најде вистинското темпо. Во Серија А не постигна ниту еден гол, а на теренот се појави во 26 натпревари со вкупно 924 минути. За овој 33-годишен напаѓач, кој низ својата кариера играше за Реал Мадрид, Јувентус, Челси, Атлетико Мадрид и Милан, преселбата во втората лига на Шпанија значи сосема различен предизвик.

Леганес го гледа Мората како вистинско засилување на патот кон враќање во Ла Лига. Тимот од предградието на Мадрид не може да му понуди плата како таа што ја има во Италија, па за да се реализира позајмицата, потребно е Комо да преземе дел од неговите примања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Ова е топката со која ќе се игра Лигата на шампионите 2026/27

УЕФА ја претстави официјалната топка за сезоната 2026/27 во Лигата на шампионите. Новиот д…