Дома Фудбал Сеирџиите ги дочекаа своите „пет минути“: Направија пародија од легендарната фотографија на Меси и Јамал (Видео)

Сеирџиите ги дочекаа своите „пет минути“: Направија пародија од легендарната фотографија на Меси и Јамал (Видео)

Не помина долго време по финалниот натпревар на Светскиот куп, а интернетот веќе беше преплавен со пародии на познатата фотографија каде Меси го капе Јамал како бебе.

Пред финалето, една од главните теми беше фотографијата која потекнува од пред речиси 19 години, на која Лионел Меси во када го капе Ламине Јамал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Токму тие двајца се најдоа еден спрема друг во финалето, а откако Јамал со соиграчите ја прослави титулата светски шампион со победа од 1:0, дел од корисниците на социјалните мрежи веднаш започнаа со пародиите на познатата фотографија.

На социјалните мрежи кружат монтажи каде возрасен Јамал го капе Меси во пластична када, а имаше и некои малку поинтензивни.

На пример, на интернетот се појавија и сцени каде бебето Јамал во истата када го дави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не се најде тука: Ова е тимот кој најмногу разочара на Мундијалот

Светското првенство секогаш носи незаборавни моменти, но истовремено носи и разочарувања. …