Дома Фудбал Не е само капењето: Меси и Јамал ги поврзува неверојатна симболика со бројот 19

Не е само капењето: Меси и Јамал ги поврзува неверојатна симболика со бројот 19

Како што се приближува големото финале на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија, сите погледи се насочени кон Лионел Меси и Ламине Јамал, водечките ѕвезди на овие две репрезентации.

Меси и Јамал ќе ги предводат своите тимови во битката за титулата светски шампион, а Марка објави интересен текст во кој се открива како бројот 19 ги поврзува овие двајца фудбалски магионичари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред оваа нивна пресметка, многу се зборува за фотографија направена пред 19 години, кога Меси во рамките на кампања на УНИЦЕФ го доближуваше фудбалот до младиот Јамал.

По деветнаесет години, двајцата сега се наоѓаат на спротивните страни во финалето на Мундијалот, а интересно е што и двајцата го играа своето прво СП со 19 години, колку што наполни Јамал пред неколку дена.

Покрај тоа, импресивно е што двајцата дебитираа на Светското првенство носејќи го бројот 19; истиот број го носеа и кога играа за Барселона.

Иако Меси првично го носеше бројот 30, тој брзо го замени со 19, за подоцна да ја добие славната десетка.

Треба да се напомене дека финалето на Светското првенство, каде двете екипи ќе се натпреваруваат за титулата, ќе се одржи на 19 јули.

Бројот постојано се повторува, а Марка исто така наведе и на филмот на Џоел Шумахер „23“ со Џим Кери во главната улога, кој е опседнат со тој број. Филмот беше премиерно прикажан – пред 19 години!

Дополнително, на овој Мундијал досега Аргентина постигна вкупно 19 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато на кој стадион ќе играат Швајцарија и Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија на 6 октомври ќе гостува кај Швајцарија во рамки …