
Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна ривалите во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029, кое ќе се одржи во Германија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На денешната ждрепка избраниците на селекторот Берокал беа сместени во групата Ф, каде што за противници ќе ги имаат селекциите на Кипар и Австрија. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат во три термини – од 27 до 30 август, од 26 до 29 ноември и од 25 до 28 февруари.
Пласман во главната рунда обезбедува само селекцијата која ќе биде победник во групата.
