Дома Останати Ракомет Eден од најстарите ракометни клубови во Македонија веќе нема да игра во Суперлигата – се откажа поради пари!

Eден од најстарите ракометни клубови во Македонија веќе нема да игра во Суперлигата – се откажа поради пари!

Еден од најстарите и најпрепознатливи македонски ракометни клубови, Пролет, од следната сезона нема да биде дел од Суперлигата. Од клубот официјално соопштија дека по истекот на соработката со долгогодишниот генерален спонзор донеле тешка, но неопходна одлука да се преселат во Првата лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во соопштението се нагласува дека ваквиот чекор е резултат на темелна анализа на финансиската состојба, со цел да се зачува стабилноста на клубот. Од Пролет велат дека не сакале да преземат обврски кои не би можеле целосно и навреме да ги исполнат, оценувајќи дека ова е најодговорното решение во моменталните услови.

И покрај разделбата со елитното натпреварување, од клубот порачуваат дека остануваат доследни на својата долгогодишна определба, создавање и развој на млади ракометари, како и продолжување на традицијата што трае веќе 64 години.

Во претстојната сезона Пролет ќе настапува во Првата лига, а раководството како главна цел ја поставува пронаоѓањето нов генерален спонзор, кој би овозможил клубот повторно да се врати меѓу најдобрите македонски ракометни екипи.

Соопштението од тимот на Пролет можете да го прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Еден од најважните ракометари на Охрид си замина за да игра во Полска!

Шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес повеќе не е член на ГРК Охрид, соопштија од македонс…