
Ракометниот клуб Вардар го објави составот со кој ќе влезе во новата сезона, во која покрај одбраната на шампионската титула во домашното првенство, „црвено-црните“ ќе имаат настап и во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во пресрет на новите предизвици, Вардар значително го освежи играчкиот кадар. На голманската позиција пристигна Бомаштар од францускиот Шартр, додека од Трембле доаѓа Фадуил, кој се очекува да биде едно од најважните засилувања во составот.
Нови членови на македонскиот шампион се и Абделак, кој пристигнува од германски Кил, Љевар од Слован, Поповски од Мулти Есенс, како и Ѓорчески, кој минатата сезона ги бранеше боите на Пролет. Во првиот тим е промовиран и Нешовски, кој доаѓа од клупската академија и ќе добие можност да се докажува на сениорско ниво.