Дома Фудбал Вечерва се игра најбараниот натпревар на Мундијалот!

Вечерва се игра најбараниот натпревар на Мундијалот!

Колумбија и Португалија ќе се соочат вечерта во недела, на 1:30 часот според македонско време, во Мајами, во последното коло од групата К на Светското првенство. Овој дуел претставува битка за првото место во групата, но и натпревар кој поттикна најголемо интересирање меѓу навивачите низ целата фаза на групите на турнирот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колумбија по победите над Узбекистан од 3:1 и ДР Конго од 1:0, веќе го обезбеди пласманот во нокаут-фазата. Португалија со четири бода по ремито со Конго 1:1 и убедливата победа против Узбекистан 5:0, има шанса со победа да го преземе лидерското место, додека на Колумбија и е доволен само реми за врвот на групата.

ФИФА уште во декември, по отворањето на првиот продажен круг за билети, објави дека дуелот Колумбија против Португалија е најбараниот натпревар од групната фаза. Во првите 24 часа од продажбата, беа примени вкупно пет милиони барања за билети за натпреварите на Светското првенство, а мечот во Мајами беше во фокусот на интересите на фановите.

Подоцна ФИФА објасни дека во текот на тој продажен период беа примени над 500 милиони барања за билети, при што мечот Португалија – Колумбија остана најбараниот во фазата на продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд го прашаа за Франција: Веќе ви кажав дека не ми е гајле…

Ерлинг Халанд го поддржа тренерот Стале Солбакен за неговата контроверзна одлука да ги одм…