
Канадскиот суд ја отфрли жалба од Фудбалскиот сојуз на Гана и потврди дека Томас Парти нема да може да влезе во земјата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа значи дека Гана ќе биде без Томас Парти за првиот натпревар против Панама.
Парти без проблем доби виза за влез во САД, но нема да може да патува од САД до Канада, каде што репрезентацијата игра на Светското првенство.
Канадските власти му ја одбија визата на Парти поради актуелниот претрес против него за наводи за силување.
Во јули 2025 година, Парти беше обвинет по пет основи за силување и една за сексуален напад. Случајот е во тек, а на првото рочиште во септември минатата година, Парти ги одби обвинувањата и се изјасни дека е невин. Во февруари оваа година, против него беа подигнати уште две обвинувања за силување.
Со валидна американска виза, Парти ќе може да настапи во следните два натпревари – против Англија во Бостон и против Хрватска во Филаделфија.
Адвокатката на Фудбалскиот сојуз на Гана изјави дека нема да поднесуваат понатамошни правни постапки.
Натпреварот меѓу Гана и Панама се игра ноќе среда на четврток од 1 часот.