Дома Фудбал Хаос на улиците во БиХ по ремито со Канада: Се судрија Хрвати и Босанци – фрлаа факли (Видео)

Хаос на улиците во БиХ по ремито со Канада: Се судрија Хрвати и Босанци – фрлаа факли (Видео)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина го отвори Светското првенство со нерешен резултат против Канада, а во Травник се случи инцидент по завршувањето на натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По крајот на натпреварот, дојде до инцидент во кој хрватските навивачи, кои ги има многу во Босна и Херцеговина, ги нападнаа навивачите на „Змејовите“ и следеше општа мешаница за време на прославата по освојувањето на бодот.

Како што пренесуваат медиумите, полицијата брзо интервенирала и спречила поголем инцидент, а навивачките групи од двете страни брзо се разотишле. На улицата летаа и факли, сето тоа во моментот кога таа беше преплавена со автомобили со знамиња на Босна и Херцеговина.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик го отпиша без милост од Барселона, а сега прави спектакуларен трансфер во Бундеслигата

Хектор Форт е пред можен замин од Барселона, а кариерата може да ја продолжи во германскат…