Дома Фудбал Навивачите на БиХ направија „лудница“ пред натпреварот на СП (Видео)

Навивачите на БиХ направија „лудница“ пред натпреварот на СП (Видео)

Втор е денот од Светското првенство. Како и првиот ден, ќе се одиграат два натпревари. Први на терен во 21 час ќе излезат фудбалерите на Босна и Херцеговина против домаќинот Канада. Потоа во 3 часот наутро играат Соединетите Американски Држави и Парагвај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Босна и Херцеговина денес во 21 час по наше време ќе го игра првиот натпревар на Светското првенство. Противник во Торонто ќе биде Канада, еден од домаќините. Избранците на Сергеј Барбарез ќе имаат голема поддршка од навивачите, кои со денови се подготвуваат за првиот натпревар на БиХ на Светското првенство од 2014 година. На друштвените мрежи кружи видео од колона возила украсени со знамиња на БиХ, што е само дел од лудилото што го подготвуваат во канадскиот град.

🇧🇦Навивачи на Босна и Херцеговина денес во Торонто! #FIFAWorldCup #CANBIH 🇨🇦🇧🇦 🎥: Special_ News10 pic.twitter.com/sNIBq8229f— Босански фудбал (@BosniaNTBall) 12 јуни 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма на отворањето на СП: Еве како беше евакуирана легендата на Реал Мадрид (Видео)

Свеченото отворање на Светското првенство во Мексико донесе вистинска драма за легендарнио…