
Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов е пред нов интернационален предизвик во кариерата, откако казахстанските медиуми објавија дека е многу блиску до потпис со Актобе.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според тамошните информации, 26-годишниот играч за врска треба да стави потпис на договор со важност од две и пол години и наскоро да му се приклучи на казахстанскиот прволигаш.
Атанасов зад себе има успешна сезона во дресот на грчка Лариса, за која одигра 35 натпревари, а претходно настапуваше и во полскиот шампионат.
Казахстанските медиуми наведуваат дека остануваат да се финализираат последните детали и доколку не се случи некаков неочекуван пресврт, македонскиот репрезентативец во следните денови и официјално ќе стане нов фудбалер на Актобе.