Дома Останати Кошарка Сцените од Белград покажуваат колку голем беше Един Авдиќ!

Сцените од Белград покажуваат колку голем беше Един Авдиќ!

Спортската заедница во регионот ја затекна веста за трагичната загуба на добро познатиот коментатор и новинар, Един Авдиќ, кој нè напушти на 47 години. Сцените од денешниот собир во Белград го искажуваат значењето на Авдиќ во спортскиот свет.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неговото срце престана да чука на 3 јуни во Белград. Тој беше легендарен и омилен како коментатор, а иако го напушти овој свет премногу рано, ни остави наследство кое ќе зборува за него уште многу долго.

Неговите коментари за натпреварите од НБА лигата, репрезентацијата на Босна и Херцеговина, па дури и оние наводно помалку важни средби беа единствени, исто како и подкастите што ги создаваше со години.

Денеска се простуваат од Един во Белград. Колеги и пријатели од Србија се собрани на последното збогум на човек кој поголем дел од својот работен век го минал во српската престолнина.

Сцените од Белград сведочат за тоа кој беше Един Авдиќ. На комеморацијата пристигнаа многубројни познати личности од кошаркарскиот свет, кои не можеа да ги задржат своите солзи.

Повторно заплака и неговиот долгогодишен соработник Ненад Костиќ Коле, кој вчера за време на преносот се прости од пријателот и братот, со кого години ја делеше коментаторската кабина.

Во морето од оние што се собрани беа и великани на регионалната кошарка, како што се Никола Вучевиќ, Дејан Бодирога, Душан Кецман, и мнозина други пријатели, познаници и членови на семејството.

За многу љубители на кошарката ширум регионот и Европа, Един беше многу повеќе од гласот на преносите. Тој беше водич низ играта, кој умееше на обичниот гледач да му ги објасни финесите на натпреварот, зошто една акција беше генијална, а друга фатална, секогаш без да ги омаловажува актерите на теренот.

Неговите реченици станаа дел од секојдневниот спортски жаргон, а навивачите долго ги прераскажуваа по натпреварите.

Создаде посебна врска со босанско-херцеговинската публика. Кога пренесуваше мечеви на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, имаше посебна емоција, човек кој искрено навива, но не го губи професионалниот компас. Тој знаеше колку спортот значи за луѓето од земјата од каде што доаѓа и затоа неговите преноси на мечевите на Змејовите секогаш носеа посебна тежина и магија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама трагичар: Њујорк го искористи „подарокот“ за 2-0 во серијата (Видео)

Кошаркарите на Њујорк Никси поведоа со 2-0 во финалето на НБА лигата, бидејќи и во вториот…