Дома Фудбал Роналдо, Меси и Џеко во нападот: Еве како изгледа највозрасниот тим на Мундијалот (Фото)

Роналдо, Меси и Џеко во нападот: Еве како изгледа највозрасниот тим на Мундијалот (Фото)

Светското првенство ќе започне на 11 јуни со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка, а пред почетокот на турнирот беше составен и идеален тим од најискусни фудбалери кои ќе се натпреваруваат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во нападот се издвојуваат двајца играчи кои многумина ги сметаат за најдобрите во историјата на фудбалот – Кристијано Роналдо, кој има 39 години, и Лионел Меси со 38. Нивниот офанзивен импакт ќе го засили и репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, кој е една година постар од Португалецот.

Покрај Роналдо и Меси, во тимот се наоѓа уште еден добитник на „Златната топка“, 40-годишниот Лука Модриќ. Во средниот ред му се приклучуваат 36-годишниот Сенегалец Идриса Гана Геј и 37-годишниот белгиски репрезентативец Аксел Витсел.

Одбранбената линија ја формираат Јапонецот Јуто Нагатомо (39), Аргентинецот Николас Отаменди (38), Мајкл Боксол од Нов Зеланд (37) и Американецот Тим Рим (38).

Иако на турнирот ќе настапат и голмански легенди како Германецот Мануел Нојер и Мексиканецот Гиљермо Очоа, двајцата се сепак три години помлади од шкотскиот ветеран Крег Гордон. Со 43 години и 162 дена, Гордон ќе биде највозрасниот учесник на првенството и затоа ќе го заземе местото помеѓу стативите на овој ветераниски тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На „Стенфорд Бриџ“ сезонава сепак ќе се игра Лига на шампиони!

Иако Челзи ја заврши својата сезона безуспешно и не обезбеди место во Лига на шампиони, ов…