
Манчестер Сити го пребарува фудбалскиот пазар за играчи од средината. Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва летово си заминува од клубот и им е потребна замена.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Прво погледнаа во редовите на друг премиерлигаш, Нотингем Форест. Понудија дури 120 милиони за 23-годишниот англиски репрезентативец Елиот Андерсон.
Јавноста говори дека Андерсон летово ќе ги напушти редовите на Нотингем. Сепак, Нотингем не го дава дури ни за тие пари, гледајќи го како еден од клучните играчи на клубот кој до 35-то коло оваа сезона се бореше за опстанок во лигата и успеа да го одржи.
И самиот Андерсон, со осмицата на репрезентативниот дрес, моментално е фокусиран на претстојното Светско првенство кое почнува на 11 јуни, а играчот од средината ќе го отвори натпреварувањето со Англија шест дена подоцна против Хрватска во групата Л каде што се и Гана и Панама.