
Почитуваниот спортски новинар и коментатор Един Авдиќ ненадејно почина на 47-годишна возраст, потврдија повеќе извори.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Един е роден на 19 јуни 1979 година во Сараево. Во текот на својот живот стекна статус на еден од најпризнатите спортски новинари и коментатори на Балканот, познат особено по директните преноси на кошаркарски натпревари и длабокото познавање на НБА и европската кошарка.
Дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Сараево, а пред да започне со новинарската кариера, активно играл кошарка во младинските селекции на Босна.
Во својата кариера работел на Федерална телевизија, подоцна на OBN, а најистакнато лице стана на телевизијата Арена Спорт.
Во поново време, заедно со неговиот колега Милош Јовановиќ, го водеше популарниот подкаст “Удвојување”, како и неговата авторска емисија “X&O’s chat” на Телевизија Уна.
Послената емисија ја водеше неодамна со познатиот босански кошаркар Јусуф Нуркиќ.
Оваа вест го потресе целиот регион, дојде ненадејно и сосема неочекувано.
Причината за смртта сè уште не е откриена, но ваквата загуба е многу тешка за БиХ и целиот Балкан кој следеше кошарка.