Дома Останати Кошарка „Бомба“: Жељко Обрадовиќ може да заврши во Барселона!

„Бомба“: Жељко Обрадовиќ може да заврши во Барселона!

Според шпанските медиуми, Барселона има интерес за ангажирање на Желјко Обрадовиќ како нов тренер.

Како што наведува “L’Sportiua”, а чија информирација ја пренесува Mundo Deportivo, каталонскиот гигант размислува за можност која до неодамна изгледаше речиси недостижна – доаѓањето на најтрофејниот тренер во историјата на Евролигата, Желјко Обрадовиќ.

По информациите дека Чави Пасквал донел одлука да го напушти клубот на крајот на сезоната и да замине во Дубаи, во Барселона почнаа да бараат алтернативи.

Меѓу преку разгледуваните опции се издвојуваат имињата на Ибон Наваро, актуелниот тренер на Уникаха, со кој наводно веќе постои усмен договор, како и Василис Спанулис, поранешниот стратег на Монако.

Искусниот српски тренер, кој има 66 години, е моментално без клуб откако ја напушти функцијата во Партизан кон крајот на ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нов тежок удар за Бен Симонс: ја скина Ахиловата тетива и веднаш испрати силна порака

Поранешниот прв пик на НБА драфтот повторно се соочува со сериозна пауза, но пораката што …