Дома Останати Кошарка Вемби е страшен, издоминира за победа на Сан Антонио против шампионот! (Видео)

Вемби е страшен, издоминира за победа на Сан Антонио против шампионот! (Видео)

Сан Антонио Спарс извојуваа победа над Оклахома Сити Тандер на домашен терен со резултат 122:115, по две продолженија, и поведоа со 1-0 во финалната серија на плејофот на Западната конференција во НБА лигата.

Виктор Вембанјама беше неприкосновен лидер на Сан Антонио со импресивни 41 поен и 24 скока, со што Спарс успеаја да им ја одземат предноста на домашниот терен на противникот и по петти пат оваа сезона да ја поразат Оклахома во шесте меѓусебни дуели.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Важен придонес за победата на гостите даде и Дилан Харпер со 24 постигнати поени и седум украдени топки, што претставува клупски рекорд во плејофот.

Стефон Касл постигна 17 поени, а Девин Васел и Келдон Џонсон по 13, додека Џулиан Шампани заработи 11. Сан Антонио играше без Де’Арон Фокс поради повреда на зглобот.

Од страната на Тандер, Алекс Карузо се истакна од клупата со 31 поен, што е втор најдобар поентерски ефект во неговата кариера.

Џален Вилијамс се врати по шест натпревари отсуство поради истегнување на задната ложа и постигна 26 поени, додека Шај Гилџус-Александар, кој претходно ја освои својата втора последователна МВП награда, го заврши натпреварот со 24 поени и 12 асистенции, но со ефект од игра 7 од 23.

Вториот натпревар ќе се одржи во среда, повторно во Оклахома Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарите дознаа против кого ќе играат во борбата за место на Европското првенство (Фото)

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна ривалите во втората рунда од претквалифик…