
Шај Гилџес-Александер повторно на врвот во НБА лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Канадскиот бек на Оклахома Сити Тандер беше прогласен за најкорисен играч на регуларната сезона, со што ја одбрани титулата на МВП и ги потврди своите квалитети како еден од најдобрите активни играчи.
При конечниот избор, зад себе ги остави Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс и трикратниот МВП, како и Виктор Вембанјама, ѕвездата на Сан Антонио Спарс и еден од најдоминантните млади играчи во лигата.
Јокиќ, кој ја добиваше оваа награда во 2021, 2022, и 2024 година, имаше уште една историска сезона. Регуларната сезона ја заврши со просек на трипл-дабл — 27.7 поени, 12.9 скокови и 10.7 асистенции по натпревар. Беше најдобар во скокови и асистенции, со шут од 56.9 проценти, но ниту тоа не беше доволно за четврта титула на МВП.
Српските медиуми се огласија незадоволни од резултатот, обвинувајќи за невиден грабеж. „ЈОКИЌ Е ПОВТОРНО БРУТАЛНО ОШТЕТЕН! Што уште треба да направи за да го прогласите за најдобар? Вистината за трката за МВП излезе на виделина: Дали Србите станаа жртва на сопствената генијалност!?“, пишува Курир, додека Информер вели: „Грабеж на векот – Јокиќ лишен од титулата МВП!“.