Дома Фудбал Гвардиола за судиите и ВАР: Фрлање на паричка.

Гвардиола за судиите и ВАР: Фрлање на паричка.

ПЕП ГВАРДИОЛА изјави дека за време на својот мандат во Манчестер Сити никогаш не верувал целосно во судиските одлуки, а употребата на ВАР технологијата ја спореди со “фрлање на паричка”. Пред важниот натпревар против Кристал Палас, кога Сити мора да го задржи притисокот врз водечкиот Арсенал во битката за шампионската титула, менаџерот на Сити нагласи дека неговиот тим не може да се потпира на помош од страна, особено со оглед на тоа што на Вест Хем му беше поништен гол против Арсенал изминатиот викенд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ставот на Гвардиола кон судењето во Англија дополнително го обликуваше увоедувањето на ВАР пред седум години, но на своите играчи им даде јасна порака дека не можат да ги обвинат другите ако не ги остварат поставените цели во оваа сезона.

“Изгубивме двe финалиња на ФА Купот затоа што судиите, па дури и ВАР, не го завршија својот дел од работата како што треба. Кога тоа се случува, значи дека ние треба да бидеме подобри, а не да ги обвинуваме судиите или ВАР. Откако дојдов, одамна не верувам во ништо”, истакна Гвардиола и додаде:

“Секогаш сум се водел од тоа дека мора да бидеме подобри, уште подобри, да се доведеме во позиција да бидеме најдобри, бидејќи ВАР е како фрлање на паричка. ВАР не е воведен минатиот викенд. Тој е тука веќе долго време, ние се прилагодуваме и сите го знаат тоа.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп распали: ВАР ни украде две ФА купа, никогаш не им верував

Во исто време кога се појави снимка од разговорот помеѓу ВАР собата и главниот судија на н…