Дома Фудбал Анри: Не можам да молчам. Карагер: Ова е како на селска утакмица

Анри: Не можам да молчам. Карагер: Ова е како на селска утакмица

КОНТРОВЕРЗНИ судиски одлуки во реванш полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Баерн и ПСЖ (1:1) предизвикаа жестоки реакции кај фудбалските аналитичари. ПСЖ се пласираше понатаму откако во првата средба славеше со 5:4, но имаше многу критики на сметка на судењето што штети на Баерн. Посебно се издвојува ситуацијата каде што судијата Жоао Пинјеро не досуди пенал за Баерн, што легендарните бивши фудбалери Тиери Анри и Џејми Карагер остро го коментираа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


“Гледајте, и јас сум играл на терен. Знам какво е чувството кога во ваков момент ќе се донесе одлука против вас. А оваа беше погрешна”, започна Анри својата анализа. “Во оваа фаза од натпреварувањето, на утакмица со такво значење, судењето мора да биде на повисоко ниво. Судијата едноставно мора да биде подобар.”

“Играчите вежбаат секој ден, се жртвуваат за вакви вечери, а потоа еден човек со една одлука ја менува целата динамика на натпреварот. Не сум тука да драматизирам, туку да бидам искрен. А искрено, ова не е стандардот што го очекуваме на ова ниво. Такви грешки едноставно не треба да се случуваат”, додаде тој.

Анри истакна дека на Баерн не му помогна ниту фактот што играат на домашен терен. “Судиите заслужуваат почит, но понекогаш едноставно не можете да молчите. Баерн игра дома, а изгледа дека се донесуваат одлуки против нив.

Очигледен пенал беше игнориран, а уште полошо е што судијата не го погледна ВАР. Тоа е неразбирливо на натпревар од ваква важност. Во првото полувреме Баерн беше очигледно подобриот тим, ја контролираа играта и создаваа шанси.”

Карагер: Ова не е селска утакмица

“Го гледам ова и апсолутно сум лут. Раката на Жоао Невес е испружена како да регулира сообраќај, тоа е чисто играње со рака, јасен пенал за Баерн, а судијата само одмава! Како тоа нема свирка?” нервозно коментираше Карагер. “Иста глупост видовме вчера со Арсенал против Атлетико, шокантни одлуки што ги чинат големите екипи во најлошиот можен момент.”

“Тие моменти ја одредуваат судбината на клубот, знаете? Една судиска грешка и целата сезона, сонот за Лигата на шампионите, одлетува. На ова ниво, во полуфинале на Лигата на шампионите, тоа е апсурдно. Не смеете да правите такви грешки. Ова не е селска утакмица, ова е најголемата сцена на клубскиот фудбал. Неверојатно”, заклучи Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паднатиот гигант во 2023 година го одби Луис Енрике: Ти не си доволно добар

Луис Енрике прави чуда со ПСЖ. Минатата сезона го однесе францускиот шампион до титулата в…