Дома Останати Ракомет Охрид имаше среќа: Реваншот во борбата за европски трофеј ќе го игра дома!

Охрид имаше среќа: Реваншот во борбата за европски трофеј ќе го игра дома!

Ждрепката за финалето во ЕХФ Европски куп донесе поволен распоред за  Охрид, кој ќе го игра реваншот на домашен терен во салата „Билјанини извори“.

Македонскиот претставник го доби посакуваното сценарио, Татабања ќе биде домаќин на првиот натпревар, додека конечната одлука за трофејот ќе падне во Охрид.

Првиот финален дуел ќе се игра на 23 или 24 мај во Унгарија, а реваншот ќе се одигра на 30 или 31 мај пред домашната публика.

Тоа значи дека Охрид ќе има историска шанса токму пред своите навивачи да го подигне европскиот пехар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Фленсбург со удар по сирената го шокира Берлин, Кил едвај се извлече

Симон Питлик погоди директно од слободен удар од девет метри по истекот на времето и му до…