
МАНЧЕСТЕР СИТИ и ЕВЕРТОН одиграа 3:3 на натпреварот во 35. коло на Премиер лигата на стадионот Хил Дикинсон. Клубот од Манчестер изгуби драгоцени два бода во трката за првото место со Арсенал. Жереми Доку ја донесе екипата на Сити во водство во 43. минута, но во второто полувреме дојде до пресврт.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
По завршување на натпреварот, тренерот Пеп Гвардиола го коментираше мечот, а доби и прашање за дуелот помеѓу неговиот играч Жереми Доку и дефанзивецот на Евертон, Мајкл Кин. Домаќинот го совлада Доку со голема сила, па овој остана да лежи на тревата некое време. Ситуацијата беше како потенцијален црвен картон, но таа одлука не беше донесена. Погледнете ја ситуацијата ОВДЕ.
“Што да кажам… Жолт картон. Доку остана да лежи на земја 50 секунди. Не е моја работа да кажам дали требаше да биде црвен картон”, изјави со видлив сарказам Гвардиола. Неговата реакција можете да ја видите ОВДЕ.